ЕКСПЕРТИТЕ ОТКРИВААТ Како пиштол реквизит може да убие човек?
За почеток, треба да се разбере што е пиштол реквизит. Многу луѓе мислат дека тоа е нефункционално оружје или дури и играчка. Иако терминот пиштол реквизит се однесува и на такви уреди, тој исто така се однесува на вистински пиштоли што се користат како реквизити.
Откако актерот Алек Болдвин ненамерно ја уби директорката за фотографија Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза на филмски сет синоќа, јавноста се прашува како е можно филмски реквизит да убие човек.
Инцидентот се случил за време на снимањето на филмот ’Рѓа, а полицијата ја примила пријавата околу 13:50 часот по локално време, односно малку пред 21 часот по наше време.
– Канцеларијата на шерифот потврди дека две лица биле застрелани за време на снимањето на „Рѓа“. Лицата Халина Хачинс (42) и Џоел Соуза (48) биле застрелани кога продуцентот и актер Алек Болдвин (68) испукал куршум од реквизитите – се вели во соопштението од полицијата.
Болдвин, пишува Yahoo News, пукал од реквизит пиштол кој бил наполнет со т.н. ќор-фишеци. Иако истрагата за овој немил настан сè уште е во тек, многумина на социјалните мрежи се прашуваат како е можно дури и истрел од филмски реквизит да убие човек.
Што точно е пиштол реквизит?
За почеток, треба да се разбере што е пиштол реквизит. Многу луѓе мислат дека тоа е нефункционално оружје или дури и играчка. Иако терминот пиштол реквизит се однесува и на такви уреди, тој исто така се однесува на вистински пиштоли што се користат како реквизити.
Зошто би се користел вистински пиштол на филмски сет? Причината е едноставна – убедливост. Како што објасни инструкторот за огнено оружје Дејв Браун во напис за списанието „Американски кинематографер“ во 2019 година, вистинското огнено оружје создава впечаток за автентичност, особено во крупен план. Секој што некогаш држел вистинско оружје во раката, може да потврди дека вистинскиот пиштол изгледа и тежи сосема поинаку од лажниот.
Но, како што напиша Браун, употребата на вистинско огнено оружје во филм или серија, исто така, бара обучен професионалец чија задача е да осигура дека оружјето се користи во согласност со строгите безбедносни мерки. Пиштолот, нè потсетува Yahoo News, сепак е пиштол, без разлика каква муниција има во него.
Што се „ќор-фишеци“?
Терминот „ќор-фишеци“ се однесува на еден вид муниција која се состои од неколку делови: чаура, погонски материјал (обично барут) во кутијата за патронот, почетната капсула на дното на кутијата за патрон и самиот проектил.
Кога ќе се повлече чкрапалото на пиштолот, иглата удира во почетната капсула, која потоа го активира барутот, а експлозијата на врел гас создава блесок на крајот од цевката. Тогаш чаурата автоматски се исфрла од пиштолот, а механизмот автоматски внесува нов куршум, или празен, во цевката.
Чаурата е всушност речиси идентично со куршумот, а клучната разлика е во самиот проектил. Наместо оловниот проектил што го користат вистинските куршуми, врвот на чаурата обично се запечатува со восок или некој друг материјал што спречува барутот да испадне од чаурата.
Тоа значи дека кога ќе го повлечете чкрапалото на пиштолот со ќор-фишеци во цевката, добивате ефект речиси идентичен како истрелување на вистински куршум – звук, одвратен удар, блиц на цевката, исфрлен патрон – сеедно, освен што во случајот од ќорците нема олово при суперсонична брзина да излегува од цевката.
И ќорците исто така можат да бидат исклучително опасни
Но, тоа што оловниот проектил не излегува од цевката не значи дека ќорците не се опасни. Имено, од цевката на пиштолот во која се наоѓаат ќор-фишеци, сè уште се излева гас загреан на екстремно висока температура, што значи дека се пред цевката е во занемарлива опасност.
Покрај врелиот гас, тука е и прашањето за материјалот што се користи за затнување на барутот. Иако обично е само хартија или восок, но ако некој стои доволно блиску, дури и овој навидум безопасен материјал може да стане многу опасен поради брзината со која се исфрла од цевката. Токму затоа актерот Џон-Ерик Хексум почина на сетот во 1984 година.
Имено, во паузата од снимањето на серијата „Cover Up“, Хексум ставил ќор-фишеци во револверот, го свртел цилиндарот и ја навалил цевката на сопствената глава, како да игра руски рулет. Несвесен колку е опасно, го повлекол чкрапалото. Тој се здобил со фрактура на черепот, поради што делови од неговите коски завршиле во мозокот. Тој починал шест дена подоцна.
Смртта на Брендон Ли
Може да дојде и до смрт од употребата на пиштол реквизит, доколку истиот е неправилно наполнет. Затоа во 1993 година на сетот на филмот „The Crow“ е убиен младиот актер Брендон Ли, син на легендарниот Брус Ли.
Имено, во цевката на пиштолот од претходно останал вистински куршум, а кога од оружјето било испукани ќор-фишеци, експлозијата истуркала проектил од цевката, кој претходно се заглавил и смртно го ранил Ли. Тој почина само неколку часа подоцна.