ЕКСПЕРТИ РАБОТАТ НА ЗАКОНСКО РЕШЕНИЕ ЗА ПРАВИЧНАТА ЗАСТАПЕНОСТ Министерот Горан Минчев не е дел од работната група

Јас не ги коментирам ставовите на поединци кои доаѓаат од нашите коалициски партнери. Да, има работна група во која има експерти кои работат на изготвување на законско решение кое што ќе биде уставно, кое откако ќе биде дефинирано ќе биде дадено на увид на јавноста, ќе го слушнеме судот на јавноста, а потоа и на Венецијанската комисија пред да влезе во собраниска процедура, порача премиерот Хриистијан Мицкоски.

724

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека постои работна група од експерти која работи на подготовка на ново законско решение за правична застапеност и оти министерот за јавна администрација Горан Минчев не е дел од неа.

– Јас не ги коментирам ставовите на поединци кои доаѓаат од нашите коалициски партнери. Да, има работна група во која има експерти кои работат на изготвување на законско решение кое што ќе биде уставно, кое откако ќе биде дефинирано ќе биде дадено на увид на јавноста, ќе го слушнеме судот на јавноста, а потоа и на Венецијанската комисија пред да влезе во собраниска процедура. Инаку, да, има таква група, министерот Минчев не е во таа група – кажа Мицкоски прашан дали постои работна група во врска со Законот за правична застапеност со оглед дека останатите два коалициски партнери во Владата имаат различни ставови по ова прашање.

Поврзани содржини
na