ЕКСПЕРТИ ОД СЛОВЕНИЈА, ИТАЛИЈА И ОД ГЕРМАНИЈА ИЛИ АВСТРИЈА ЌЕ ГИ ЧЕШААТ ОПЕРАЦИИТЕ ВО БОЛНИЦИТЕ Аферата што ја отвори Кедев добива институционална разврска
Еден експерт ќе биде од Словенија, вториот е одлучено да биде од Италија, а за изборот на третиот во игра се имиња од Австрија и Германија
Министерот за здравство Азир Алиу очекува до понеделник да се комплетира листата со странски експерти кои ќе утврдуваат дали се вршеле непотребни операции кај пациенти во приватните болници.
– Еден експерт ќе биде од Словенија, вториот е одлучено да биде од Италија, а за изборот на третиот во игра се имиња од Австрија и Германија – изјави Алиу за ТВ 24.
Одлуката за ангажирање на странски експерти според министерот Алиу е со цел поголема објективност и утврдување на вистинската слика.
Во меѓувреме, Министерството го подготвува планот по кој редослед ќе бидат опфатени здравствените установи од приватниот и јавниот сектор.
Од приватните здравствени установи ќе бие побарано до 15 септември треба да го достават списокот на сите интервенции до Министерството за здравство.
Овие активности на Министерството за здравство доаѓаат по изјавата на профсор д-р Сашко Кедев дека во одделни приватни болници се правени операции за профит, иако за тоа немало потреба.