Експерт од СЗО предупредува: Сите ќе носиме маски, мора да научиме да живееме со новата реалност

3,220

 

„Луѓе што носат маски, веројатно тоа ќе стане новото правило“, оценува стручњакот од Светската здравствена организација (СЗО), Дејвид Набаро.

Тој во разговор за Би-би-си рекол дека општествата мора да се прилагодат и „да научат да живеат со новата реалност“, затоа што коронавирусот веројатно ќе потрае уште некое време.

– Овој вирус нема да замине, не знаеме дали луѓето кои веќе го имале вирусот ќе бидат имуни на истиот потоа и не знаеме кога ќе имаме вакцина – истакнал доктор Набаро.

Тој навел дека луѓето ќе мора да се штитат, да носат маски, да одржуваат физичка дистанца и да ги заштитат ранливите категории на луѓе.

– Тоа мора да стане навика, за тие симптоми, дури и благите, навистина да ги сфаќаме сериозно – истакнува стручњакот од СЗО.

Доктор Набаро исто така предупредил на опасноста од „влажните пазари“, како и убивањето и јадењето на дивите животни, откако „влажните пазари“ повторно се отворени во кинескиот град Вухан каде и започна пандемијата на ковид-19.

 

Поврзани содржини