Експерт од САД предупредува: Ни се заканува ковид-ураган од петта категорија, такво нешто не сме виделе

Ќе видиме нешто кое што досега не сме го виделе во оваа земја. Замислете каде се наоѓаме моментално, седиме на некоја плажа каде што има пријатна температура и совршено сино небо и нежен ветер. Но, гледам ураган од петта категорија, на 700 километри од крајбрежјето, предупредил американскиот експерт за инфективни болести, Мајкл Остерхолм.

17,698

Американскиот експерт за инфективни болести, Мајкл Остерхолм, предувидува нов страшен замав на пандемијата со ковид-19 во САД и предупредува на опасноста од ширење на британската мутација.

Тој вели дека на САД им се заканува невреме од петта категорија во облик на нов и многу позаразен вид на коронавирусот.






– Ќе видиме нешто кое што досега не сме го виделе во оваа земја. Замислете каде се наоѓаме моментално, седиме на некоја плажа каде што има пријатна температура и совршено сино небо и нежен ветер. Но, гледам ураган од петта категорија, на 700 километри од крајбрежјето. Да им кажете на луѓето да се евакуираат во текот на денот – тешко. Но, можам да ви кажам дека тој ураган доаѓа- рекол Остерхолм за „NBC“.

Тој исто така упатил апел што повеќе луѓе да се вакцинираат против коронавирусот, особено постарото население.

Поврзани содржини