ЕКСПЕРИМЕНТ: Смртноста од ковид-19 паднала за 95 отсто по вакцинација на речиси сите возрасни
Истражувачкиот тим навел дека се заштитени и тие кои не се вакцинирале бидејќи се намалила и циркулацијата на вирусот. Наодите сугерираат дека пандемијата може да се контролира кога 75 отсто од луѓето се вакцинирани со две дози.
Во бразилски град е забележано 95 отсто помала смртност од ковид-19 откако се вакцинирани речиси сите возрасни лица.
Серана, град од 45.000 жители, регистрирал пад на заразени и починати по масовната вакцинација на населението со кинеската вакцина КоронаВак, пренесува ББЦ.
Истражувачкиот тим навел дека се заштитени и тие кои не се вакцинирале бидејќи се намалила и циркулацијата на вирусот. Наодите сугерираат дека пандемијата може да се контролира кога 75 отсто од луѓето се вакцинирани со две дози.
Експериментот во Серана го спровел Институтот Бутантан во периодот од февруари до април. Бутантан ја произведува вакцината КоронаВак која ја развила кинеската компанија Синовак/Бионтек.
Градот бил поделен во четири подрачја за да се одреди прагот на сузбивање на вирусот. Според тимот, прагот е постигнат откако три подрачја, односно 75 отсто од населението постаро од 18 години, ги добиле двете дози од вакцината.
Кога биле вакцинирани 75 отсто од возрасните, смртноста са намалила за 95 отсто, хоспитализацијата опаднала за 86 отсто, а симптоматските случаи за 80 отсто, покажале истражувањата од експериментот.
Рикардо Палациос, директор на истражувањето во Бутантан, изјавил дека клучна бројка е 75 отсто.
– Најважниот резултат е дека пандемијата можеме да ја контролираме без вакцинација на целата популација – изјавил тој.