Стари фотографии, писма, непознати детали од животот на Анџелина Џоли – откриено се многу работи!
Една од најпознатите актерки, Анџелина Џоли, некогаш била само обична девојка, за што сведочат и нејзините поранешни фотографии и писма. Британскиот „Дејли мејл“ дошол до нејзините фотографии уште од тинејџерските денови, каде е фотографирана како 14-годишна тинејџерка додека се дружи со пријателите, спие, позира…
Изворот, кој ги обезбедил фотографиите и писмата побарал да остане анонимен. Инаку, првпат се запознал со Анџелина кога двајцата оделе во средното училиште „Ел Родео“ во Лос Анџелес, Калифорнија.
– Постојано се забавувавме, пиевме, пушевме цигари… Постојано се возевме наоколу со автобус, а таа секогаш правеше луди работи, кои беа спротивност на екипата од Беверли Хилс. Се облекувавме во црно и се нарекувавме анархисти, не сакавме да се возиме во скапи автомобили и се дружевме со луѓе кои беа малтретирани на училиште – рекол изворот.
На една од разгледниците од 1989 година, тогашната 14-годишна Анџелина го опишала мажот што ја привлекува:
„Тој е фотограф што го запознав денес и никој не знае дека го сакам. Тој рече дека сака да работи со мене, се надевам дека тоа и ќе се оствари затоа што навистина го сакам. Тој е совршен – висок, слаб, со црна коса и живее во студио! Мислам дека е геј! Што да се прави…“
Таа исто така се осврнала на „Господин совршениот“:
„Го запознав „господинот совршен“. Не го знам неговото име, но тој совршено се бакнува. Никогаш повеќе нема да го видам!“
Истиот извор, кој сè пласирал во медиумите, раскажала и за нејзината мајка Маршелин Бертран, која почина од рак на дојка и имала посебни правила и наредби за нејзината ќерка…
Наводно, мајката на Анџелина ѝ наредила на својата ќерка да зема таблети за контрацепција од 15-годишна возраст, што на Анџелина воопшто не ѝ се допаднало.
Необично е тоа што сакала да се фотографира на гробиштата, а сонувала да стане организаторка на погреби, па дури и да заврши курс за балсамирање!
Дека не знаела што сака надвор од животот, се покажало и кога напишала кога имала 16 години:
– Јас сум сè уште жива и сè уште барам причина да живеам.
ФОТО: Инстаграм