🎥 ЕКС-ЈУ РОК ЛЕГЕНДАТА ДОЖИВЕА НЕОБИЧНА НЕЗГОДА Фронтменот на Пилоти спасувал мачка на дрво и „атерирал“ на земја
За среќа, популарниот Кики Лесандриќ поминал со мали повреди.
Пејачот Кики Лесандриќ, пејачот на некогаш популарната екс-ју рок група Пилоти, во едно интервју призна дека паднал од голема височина и откри дека се здобил со повреди кои сè уште го спречуваат да ужива во неговата омилена рекреација – тенисот.
„Малку го повредив рамото, па малку попуштив“, рекол Кики и објаснил како се случила несреќата: „Спасував мачка од дрво, мачката влета во крошна, а јас паднав на земја. Скинав мускул“.
Групата Пилоти беше супер популарна во 1980-тите и 1990-тите. Кики Леасандриќ и подоцна беше присутен на сцената, а соработуваше и со други уметници од неговата генерација.
За помладите, кои можеби не знаат за култната група Пилоти, еве един нејзин познат хит, како поттик за истражување и уживање: