Екс-младински репрезентативец на Македонија позитивен на ковид-19

Симптомите кај 19-годишникот се појавиле во вторникот, а тестот на крај покажал дека е позитивен на ковид-19.

408

Второлигашкиот дуел во Швајцарија меѓу Вил и Грасхоперс е одложен поради позитивен случај на коронавирус во гостинската екипа, пренесе „Blick“.

Стнува збор за Амел Рустемовски кој своевремено беше дел од младинската репрезентација на Македонија за фудбалери до 16 години. Симптомите кај 19-годишникот се појавиле во вторникот, а тестот на крај покажал дека е позитивен на ковид-19.






Според информациите на „Blick“ од тој момент напаѓачот е во изолација и не е во контакт со ниту еден член на швајцарскиот клуб. Поради претпазливост, сите фудбалери и членови на стручниот штаб на Грасхоперс ќе направат тест за коронавирус, потврди клубот.

Рустемовски има еден погодок во македонскиот национален дрес, во победата од 3-1 над Андора во мај 2016 година. На тој меч офанзивецот ја имаше честа да ја носи капитенската лента и да го најави триумфот со првата реализација.

Поврзани содржини