ЕКС МИНИСТЕРОТ БЕКТЕШИ СЀ УШТЕ Е ВО СТАНИЦА Тошковски најави приведувања на уште лица за несреќата во Кочани

Министерот за внатрешни информираше дека МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент во врска со овој настан има осомничено повеќе од 20 лица, од кои 15 се во полициска станица.

3,591

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши е сѐ уште во полициска станица откако вчера беше повикан на информативен разговор во врска со пожарот во ноќниот клуб во Кочани, рече министерот Панче Тошковски.

Тој информираше дека МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент во врска со овој настан има осомничено повеќе од 20 лица, од кои 15 се во полициска станица.






Дел од осомничените за предизвикување на овој кривично правен настан се починати, дел се во болница.

– Дел од приведените лица кои што моментално се во полициска станица се луѓе кои имаат директна вина со овој настан, согласно досега собраните докази. Приведено е едно лице, кое што е организатор на настанот и за кое што имаме сомнение дека еден од оние кои што имаат директна вина. Исто така, приведени се поранешен државен секретар на Министерство за економија, поранешен раководител на еден сектор во Министерство за економија, поранешен директор на Дирекција за заштита и спасување и тројца вработени во рамки на дирекцијата – изјави Тошковски.

Вчера 13 лица во Штип биле приведени сопственикот на дискотеката, продавачите на билети, две лица од обезбедување, приведени се тројца пазарни инспектори, еден од трудова инспекција, како и полициски службеници. На 14 лица, вели министерот им е одреден притвор од 48 часа.

Министерот исто така изјави дека е повлечена локалната потерница која беше распишана за 4 лица, бидејќи тие се веќе обезбедени.

ЗАГИНАЛ ОДГОВОРНИОТ ЗА ПИРОТЕХНИКАТА Тошковски најави нови апсења за трагедијата во Кочани

Поврзани содржини