Економско-социјалниот совет прифаќа недела неработен ден со исклучоци

Министерството за труд и социјална политика сега ќе подготви драфт верзија па потоа ќе има повторни консултации со засегантите страни.

1,047

Предлогот недела да биде неработен ден е позитивно оценет од страна на Економско-социјалниот совет во кој членуваат синдикатите, работодавачите и Владата како социјални партнери, информира денеска Министерството за труд и социјална политика..

Од страна на работодавачите, било побарано да има исклучоци од оваа одлука особено за оние дејности кои се оценети како специфични, односно нивното функциониарње не смее да запре.Такви се индустриите и производството, како и дејностите кои се од витално значење за граѓаните како што се здравството, полицијата, противпожарната служба и други.






Бидејќи се работи за комплексно прашање, како што е соопштено, изминатите денови се направени бројни средби и консултации со сите засегнати чинители во процесот со цел изнаоѓање на најприфатливо решение кое ќе биде резултат на заеднички договор.

Разговорите продолжуваат и во следните денови, но се очекуваат и дополнителни анализи кои ќе придонесат во изработка на првичната драфт верзија, по која повторно ќе се направат консултации.

Поврзани содржини