Економскиот сектор создал 1.143 илјади тони отпад, 1,79 отсто опасен

Податоците укажуваат дека најмногу отпад создава преработувачката индустрија – 531 илјади тони или 46,54 отсто.

183

Секторите со економска активност во земјава во текот на 2018 година создале 1.143 илјади тони отпад, од нив 98,21 отсто е неопасен, а 1,79 отсто опасен отпад, објави Државниот завод за статистика.

Податоците укажуваат дека најмногу отпад создава преработувачката индустрија – 531 илјади тони или 46,54 отсто.






Во оваа година вкупно се третирани 1.142 илјади тони отпад. Количеството на рециклиран отпад изнесува 524 илјади тони. Најмногу рециклирале отпадоци од железен метал, необоени метали, отпадоци од хартија и картон и отпадоци од пластика.

Од создадениот отпад, 1.145 тони се складиран отпад.

Поврзани содржини