„ЕКОНОМСКИОТ ПРЕСВРТ“ Е ЗАВИСЕН ОД ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА Колку е остварлив планот за забрзан економски раст?

Екпсертите, пак, велат дека планот е амбициозен. Добро е што се планира висок износ на јавни инвестции, намалување на јавниот долг и консолидирање на финансиите – но како и со кое темпо ќе се остварува ова ќе зависи од силината на енергетската криза со која се соочува светот, Европа па и ние.

518

Нови, амбициозни проекции за „економски пресврт“ во следните 4 години – Владата објави нов План за забрзан економски раст. Високи стапки на раст на БДП, драматично намалување на невработеноста, инвестции што се бројат во милијарди евра, пишува Порталб.

Од Владата велат планот за забрзан економски раст е со амбициозна, но остварлива цел да се поддржи економското закрепнување и забрзаниот раст.






Екпсертите, пак, велат дека планот е амбициозен. Добро е што се планира висок износ на јавни инвестции, намалување на јавниот долг и консолидирање на финансиите – но како и со кое темпо ќе се остварува ова ќе зависи од силината на енергетската криза со која се соочува светот, Европа па и ние.

– Се наоаѓаме во среднина на енергетска  војна, состојбата не е наивна. Во вакви услови тешко се планираат инвестции, немаме јасна слика  за енергетската состојба. Оттука е тешко е да се проектираат таргети.  Не можеме да зборуваме за раст детерминиран од инвестции кога состојбата е неизвесна со енергетиката, со цените на енергенсите. Сега имаме неизвесност и во однос на цените но и во однос на набавките – смета универзитетскиот професор Зоран Ивановски.

За разлика од него, универзитетскиот професор Сами Бислими смета дека буџетските политики не навестуваат значајни јавни инвестции.

– Добро би било Владата да ги реши тековните проблеми со зголемените буџетски трошења, со ветувања од ракав за зголемување на минималната плата, просечната плата, пензиите и социјалните трансфери, и откако ќе ги покрие ваквите трошења, нека пресмета што и колку средства останат во буџетот за инвестиции? – вели Бислими.

Јавните инвестции можат да се предвидат, потребна е политичка упорност за нивно остварување, но приватните инвестиции може да се доведат во прашање поради повеќе фактори, еден од нив енергетската криза но и поради непостојаност на законската регулатива.

– Економскиот раст проектиран над 5 отсто на годишно ниво ќе зависи од реализацијата на инвестициите.  Од аспект на изворот – јавните инвестиции можат да се предвидат  и околу  нивното  финансирање може позитивно да се оценат новите инструменти – развојна и проектна обврзница кои би биле со променлива каматна стапка. Што се однесува на приватните инвестиции , сумите се прилично амбициозни, клучно е прашањето како и врз основа на што ќе се мотивираа инвеститорите. Во бизнис амбиенот многу се важни либерализацијата и дерегулацијата – не може да се заоструваат критерумите за инвеститорите а да се очекува раст на инвестиции. Клучен сегмен е и одржливоста на законска регулатива – оценува Ивановски.

Со Планот за забрзан економски раст Владата постави амбициозни таргети – уверува дека решенијата за нивно остварување се прецизни и системски. Според овој план – просечниот раст на економијата треба да се движи над 5 отсто. Невработеноста треба да се намалува со големо темпо – за во 2026 та да сведе на едноцифрена бројка.

                                     Таргети на планот

Економски раст                                               5%

Јавни инвестиции                                         4 милијарди евра

Приватни инвестции                                    8 милијарди евра

Нови работни места                                       156 000

Стапка на вработеност                                  54,3%

Стапка на невработеност (2026)                8,6%

Поголем број на инвестции – повеќе вработувања – тоа е клучот за намалување на невработеноста – велат економистите, но од друга страна предупредуваат дека растот на минималната плата може да предизвика контраефект,  намалување на вработеноста, особено во трудоинтензивните дејности.

Позитивно се оценуваат најавите за консолидирање на јавните финансии – преку намалување на буџетскиот дефицит и на Јавниот долг.

– Досегашните и најавените фискални стимулси за поддршка и помош поради пандемијата очекувано го зголемија буџетскиот дефицит. Сега со планот Владата предвидува намалување на буџетскиот дефицит – и ова треба да биде императив кој мора да се следи за фискална одржливост, да се остане на тој пат – вели Ивановски.

Според најавите од Владата, Планот за забрзан економски раст ќе биде проследен и со Акциски план во кој ќе се наведат  механизмите и темото на реализацијата на таргетите.  Владата во мај најави Интервентен план за инвестиции  2021-2027 тежок скоро 8,2 милијарди евра. Сепак – дел од економистите сметаат дека остварувањата кај инвестциите се во застој поради пандемијата, но и поради локалните избори и изборниот исход по нив.

Поврзани содржини