ЕКОНОМСКАТА ДИРЕКТОРКА НА ТОКСИКОЛОГИЈА НЕ ЗНАЕ МАКЕДОНСКИ И НА РАБОТА ДОАЃА СО ТАТКО Ѝ Колегите коментирале дека тој ѝ бил како обезбедување

841

Новоназначената економска директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Илјази не знае македонски јазик, па кога мора да соработува со колегите, преведувачи ѝ се двете секретарки врботени во оваа клиника. Не ретко таа на работа доаѓа со својот татко кој постојано е со неа како да е нејзино обезбедување, објави порталот МКД.мк повикувајќи се на извори од Kлиниката.

Бесија Илјази е назначена за организациски директор на Клиниката за токсикологија на 14 февруари оваа година.






Таа завршила Економски факултет на Тетовскиот универзитет. Претходно била вработена во одделението за финансии во општина Тетово, но и со договор на дело од септември 2020 до 17 јануари 2022 февруари во кабинетот на заменик министерот за култура Седат Сулејмани.

 

Поврзани содржини