Економијата во рецесија, во третиот квартал забележа пад од 3,3 отсто

Во овој период финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, номинално опаѓа за 1,4 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 66 отсто.

168

Бруто домашниот производ во третото тримесечје забележа негативна стапка на раст од -3,3 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во овој период финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, номинално опаѓа за 1,4 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 66 отсто.






Извозот на стоки и на услуги номинално е намалено за 6,8 отсто, а увозот на стоки и на услуги бележи намалување во номинален износ од 3,2 отсто.

Најголем пораст е забележан во секторите „земјоделство, шумарство и рибарство“ од 5,2 отсто, „градежништвото“ од 3,4 отсто и во „информации и комуникации“ од 3,3 отсто.

Домашниот бруто производ (БДП), во првиот квартал од оваа година, забележа негативен раст од 0,2 отсто, додека во вториот квартал негативниот раст изнесуваше 12,7 отсто.

Поврзани содржини