ЕКОНОМИЈАТА НА УНИЈАТА ПОРАСНА ЗА 0,3% Изненадува водечката економија на континентот
Во вториот квартал економијата на ЕУ порасна повеќе од очекуваното, но економската активност се намали во Германија, водечката европска економија.
Домашниот бруто производ (БДП) на ЕУ порасна за 0,3% во вториот квартал, покажуваат официјалните податоци што денеска ги објави Евростат.
Според овие податоци, ист раст од 0,3% има и еврозоната.
На годишна основа, економијата на еврозоната во вториот квартал од 2024 година порасна за 0,6% во однос на истиот квартал лани, а економијата на Европската унија за 0,7%.
Економијата на Германија, која е и водечка во ЕУ, забележа пад од о,1%.
Во Европа е тешко бидејќи потрошувачите никогаш не штеделе повеќе од сега, додека владите исто така ги ограничуваат трошоците за да ги намалат буџетските дефицити.