ЕКОНОМИЈАТА Е СТАБИЛНА И ЛИКВИДНА Кузеска вели дека владата спречи драстично покачување на цената на струјата

Како што вели Кузеска, мобилизирањето на сите домашни капацитети за производство на електрична енергија, придонесе цената на струјата да биде покачена за само 9,48% што е далеку под првичните прогнози од над 25%.

277

Портпаролка на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција изјави дека со брза и навремена реакција на Владата предводена од СДСМ, спречен е ценовен шок за граѓаните и драстично зголемување на цената на струјата.

Како што вели Кузеска, мобилизирањето на сите домашни капацитети за производство на електрична енергија, придонесе цената на струјата да биде покачена за само 9,48% што е далеку под првичните прогнози од над 25%.






– Притоа евтината ноќна тарифа на струјата како и евтината тарифа во недела ќе се задржат, а дополнителни рекстрикции нема да има – додава Кузеска.

– Дека цената на електричната енергија е глобален проблем потврдуваат и покачувањата на цената на струјата во многу држави, а најизразено е во Турција каде електричната енергија за домаќинствата поскапи за 50 отсто, додека за компаниите и за над 100 отсто – смета портпаролката на СДСМ.

Обезбедени 60 милиони денари за граѓаните од ранлива категорија

– За граѓаните од ранливата категорија, обезбедени се и 60 милиони денари со Програмата за заштита на потрошувачите на електрична енергија – изјави Кузеска на денешната прес-конференција.

Според неа, со оваа мерка ќе се опфатат околу 7.500 домаќинства со ниски примања во времетраење од 12 месеци, кои ќе добијат намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600 денари или 800 денари месечно, во зависност од големината на домаќинството.

– Економијата е стабилна и ликвидна, државата е подготвена да им помогне на граѓаните и компаниите за надминување и на овој предизвик – тврди потпаролката на СДСМ.

Поврзани содржини