ЕКОЛОШКА ПОЛИЦИЈА ЗА ЧИСТА БИТОЛА „Поинаку“ ветува видеонадзор за безбедност на граѓаните
Потребно е расчистување на дивите депонии, а не нивно затскривање, да не се дозволи фрлање и одлагање на градежен смет и шут, како и испаша и движење на домашни животни на јавни површини, велат од „Поинаку“.
За конечно да имаме „поинаква“ Битола, најпрво треба да ја исчистиме, но и да ја одржуваме таква секојдневно. Потребно е расчистување на дивите депонии, а не нивно затскривање, да не се дозволи фрлање и одлагање на градежен смет и шут, како и испаша и движење на домашни животни на јавни површини, велат од „Поинаку“.
– Со еколошка полиција која ќе работи во рамките на Општина Битола и ќе врши контрола, патрола и превенција, градот ќе добие чисти паркови, улици и здрава урбана опрема. Поставувањето на видеонадзор на јавни површини и фреквентни улици, согласно законските прописи, пред сè ќе овозможи поголема безбедност и сигурност на граѓаните, но исто така ќе биде од голема помош на институциите во спречување на уништување на урбаната опрема и зеленило, како и регистрирање на прекршоци од повеќе области – истакнаа од „Поинаку“.