📽️ ЕКОЦИД ВО ШУТО ОРИЗАРИ, ОПШТИНАТА СЕ ДАВИ ВО СМЕТ Дудуш со ултиматум до Арсовска, в среда ѓубрето ќе биде пред Град Скопје
Жителите на Шуто Оризари веќе се организираат, поддржувајќи го ултиматумот. Тие бараат итна реакција од градските власти и предупредуваат дека оваа ситуација може да прерасне во сериозна еколошка и здравствена криза.0
Градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, остро реагираше на одлуката на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, да ја запре акцијата за собирање смет во оваа општина. Според Дудуш, оваа одлука е одмазда поради неодамнешниот протест на жителите на Шуто Оризари пред канцеларијата на Арсовска.
– Данела одлучи да ја казни цела општина заради мирен протест. Ова не е само неодговорно, туку нечовечко, особено кога живееме во услови на огромно загадување – вели Дудуш.
Тој нагласи дека последиците од ваквата одлука се веќе видливи – улиците на Шуто Оризари се преплавени со отпад, што не само што создава здравствена криза, туку и дополнително го загрозува животот на граѓаните.
– Не можеме да дозволиме нашата заедница да биде оставена во смет! Ако во рок од 48 часа не се расчисти отпадот, ќе бидеме принудени со механизација да го однесеме истиот пред нејзината канцеларија – порача Дудуш.
Жителите на Шуто Оризари веќе се организираат, поддржувајќи го ултиматумот. Тие бараат итна реакција од градските власти и предупредуваат дека оваа ситуација може да прерасне во сериозна еколошка и здравствена криза.
Погледнете го тука видеото за состојбата во Шуто Оризари.