ЕКИПИТЕ НА ЦЕНТАР ГИ РАСЧИСТУВАА УЛИЦИТЕ И ТРОТОАРИТЕ Герасимовски со апел до граѓаните да си исчистат пред дворовите и влезовите
Утринава се чистат тротоарите и приодите до јавните установи, како што се амбуланти, здравствени и пензионерски домови, детски градинки, со цел да се обезбеди безбедно движење за сите граѓани.
Герасимовски: Екипите на Центар на терен, се фрла сол и се расчистуваат улиците, тротоарите и пешачките патеки
Синоќа на терен беа ангажирани четири големи возила и две мали, при што интензивно се посипуваше со сол и се работеше на расчистување на улиците во населбите: Мало Курило, Водно, Дебар Маало, Маџир Маало, Кале, Капиштец и Крњево.
Утринава се чистат тротоарите и приодите до јавните установи, како што се амбуланти, здравствени и пензионерски домови, детски градинки, со цел да се обезбеди безбедно движење за сите граѓани.
– Апелирам до жителите, како и до сопствениците на малите бизниси и ресторани, да го одржуваат чистотата пред своите објекти. Особено е важно приодите да бидат ослободени од снег и мраз, за да се овозможи безбедно движење за сите. Нашите тимови постојано ја следат состојбата и вложуваат максимални напори за одржување на улиците проодни. Заедно можеме да создадеме побезбедни улици за сите – истакна градоначалникот Горан Герасимовски.
Досега се расчистени главните сообраќајници, собирните улици и сервисните патишта во станбените зони, за да се овозможи непречено реализирање на секојдневните обврски на граѓаните.