ЕКИПАТА НА ВОСКА ГО НАПУШТИ МЕЧОТ ПРОТИВ ВАРДАР Играчите беа револтирани од судењето
Воска имаше предност од првото полувреме со голот на Осеи, а Вардар до израмнување стигна во 74-тата минута, гол по кој домаќините протестираа сметајќи дека топката не ја минала гол-линијата.
Фудбалерите на Воска го напуштија натпреварот против Вардар во 75-та минута откако беа незадоволни од судењето.
Воска имаше предност од првото полувреме со голот на Осеи, а Вардар до израмнување стигна во 74-тата минута, гол по кој домаќините протестираа сметајќи дека топката не ја минала гол-линијата.
Реагираа домашните фудбалери, натпреварот продолжи, но беше прекинат само неколку минути подоцна.
Откако се почека извесно време тие да се вратат, тоа не се случи. Мечот и официјално беше прекинат, а Вардар најверојатно ќе добие службена победа.
Резултати од Прва македонска фудбалска лига (ПМФЛ):
Струга – Гостивар 1:1
Тиквеш – Академија Пандев 2:1
Беса – Шкендија 2:3
Работнички – Пелистер 2:1
Шкупи – Силекс 1:2
Воска Спорт – Вардар 1:1 (прекината).