Џеки Кенеди го носела розовиот костум 24 часа по атентатот на сопругот, истиот сега е „под клуч“ ВИДЕО
Кога поранешниот американски претседател Џон Кенеди бил застрелан во Далас, крвта го испрскала розовиот комплеш што го носела неговата сопруга Џеки Кенеди. Сепак, приказната што се крие зад овој дел на нејзината облека е малку позната, пишува „Историски забавник“, пренесува „Блиц“.
Сопругата на убиениот американски претседател Џон Кенеди, Џеки Кенеди, секогаш важела за икона на стилот.
Па, така и костумот што го носела на кобниот 22 ноември 1963 година влегол во историјата.
И по тој страшен настан, Џеки го носела истот костим и во нарердните 24 часа, пишува „Курир.рс“.
– Нека видат што направија – изјавила таа додека на костимот и понатаму можеле да се видат дамките од крв.
Џеки го носела и за време на положувањето заклетва на новиот претседател Линдон Г. Џонсон. Костимот не бил испран, па крвта јасно можела да се види на десниот ракав.
Како што времето поминувало, во модните води покренати биле полемики за потеклото на култниот костум. На крајот, се испоставило дека костумот е сошиен во Њујорк, но ткаенината, копчињата и кројот се од познатата модна куќа „Шанел“.
Се претпоставува дека костимот чинел околу 1.000 долари (што денес би вредел повеќе од 7.500 долари). Ова најтажно парче облека Џеки го носела шест пати, меѓу другото, и на патувањето во Лондон една година пред трагедијата.
Костумот денеска се чува во Американската национална архива во државата Мериленд каде што го однела ќерката Керолин.
Костумот, и понатаму „извалкан“ од крвта, не е достапен на увид за пошироката јавност, но се наведува дека имало такви барања.
Сепак, се чува во строга тајност од страв дека некој ќе го уништи сеќавањето на семејството Кенеди:
– Кога би бил изложен, би поттикнал хистерија – изјавила кураторката Филис Магидсон. Костумот ќе може да биде достапен во јавноста дури во 2103 година, кога семејството ќе одлучи дали некој смее да му пристапи.
Извор: Kurir.rs/Stil Kurir/Dejli mejl