ЕК: Нема доволно вакцини и за членки на ЕУ, но ќе се обезбедат дози за Западен Балкан

297

И покрај сериозниот недостиг на расположливи дози и за самите земји-членки, Европската комисија останува посветена на обезбедување вакцини за земјите од регионот, рекла директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат на Европската комисија за соседство и преговори за проширување, Геновева Луиз Калавера во своето воведно обраќање на видео-состанок инициран од Европската комисија.

На состанокот биле адресирани сите важни аспекти за мерките кои ЕУ ги презема за обезбедување вакцини за земјите од Западниот Балкан, информираат од владината прес-служба.






Калавера информирала дека ЕК ги завршила подготовките за пренасочување на 70 милиони евра ИПА средства за набавка, за која што во наредните 3 до 4 недели до надлежните власти на Западен Балкан ќе бидат доставени грант договори за покривање на трошоците за вакцините, опрема и потрошен материјал.​

Како владин претставник од македонска страна, на состанокот учествувала државната секретарка на Секретаријатот за европски прашања, Калинка Габер која информирала за состојбите, преземените и планираните активности, како и за националните потреби за успешно спроведување на вакцинацијата против коронавирусот.

Поврзани содржини