ЕК започна две истраги против „Apple“

Во фокусот на истрагите се ставени праксите со кои „Apple“ употребата на своите сервиси ја прави задолжителна при купувањето.

199

Европската комисија отвори две истраги за деловната пракса на „Apple“ заради можно прекршување на правилата за фер конкуренција. Истрагите се однесуваат на услугата за мобилни плаќања на „Apple“: „Apple Pay“ и „App Store“.

Во фокусот на истрагите се ставени праксите со кои „Apple“ употребата на своите сервиси ја прави задолжителна при купувањето, на пример, во рамките на мобилните апликации и за ограничувањата што ги ставаат за програмерите и корисниците кога станува збор за користењето на конкурентните платежни системи.






Кога станува збор за услугата за плаќање „Apple Pay“, ЕК е загрижена за ограничувањето на пристапот до NFC технологијата на мобилни уреди и за чија употреба ексклузивното право на уредите на Ајфон (iPhone) му припаѓа на мобилниот систем за плаќање на „Apple“.

ЕК има намера да испита дали „Apple“ со овој пристап кон своите технологии незаконски ја поткопува конкуренцијата, кога станува збор за плаќањата за мобилни телефони.

Во областа на мобилните апликации, ЕК ќе испита до кој степен праксата е во согласност со европските правила за конкурентност на пазарот, да може да се инсталираат само оригинални апликации на уредите „Apple“, што повторно го вклучува само системот на „Apple“, таканаречното „in-up“ купување, од кое „Apple“ зема провизија од 30 проценти за секоја трансакција.

Покрај тоа, добро е позната праксата на „Apple“ да не ги известува корисниците дека одредени претплати, на пример за аудио услуги или е-книги, можат да се купуваат и надвор од нивните апликации. Со тоа, програмерите за развој на апликациите се спречени да ги известат своите корисници за алтернативните начини на купување.

Истрагата е покрената по извештајот на „Spotify“ и еден дистрибутер на е-книги, а се претпоставува дека станува збор за „Аmazon“, се наведува во информацијата.

Доколку истражителите на ЕК докажат дека „Apple“ ја користи својата монополска позиција и им обезбедува услуги на корисниците во рамките на Европската економска област (ЕЕА) нарушувајќи ја конкуренцијата, тие се соочуваат со парична казна до 10 проценти од нивните вкупни годишни приходи.

Според најновите податоци, тоа би можело да достигне и до 23 милијарди евра, со обврска да ја сменат и деловната политика за која е утврдено дека не е во согласност со регулативите на ЕУ.

Поврзани содржини