Европската Комисија соопшти денеска дека нема причина воопшто да не се користи вакцината на Астра Зенека по мислењето на Европската агенција за лекови, јави дописничката на МИА од Брисел.
– Европската агенција за лекови штотуку даде позитивно мислење за Астра Зенека бидејќи бенефитите и натаму се поголеми од ризиците, таа не побара да се престане со Астра Зенека, некои земји членки одлучија да заземат построг пристап, нема причина воопшто да не се користи – изјави портпаролот за здравство на Европската комисија, Стефан Де Керсмакер.