„ЕК НЕКА ЈА НАПУШТИ ПЛАНЕТАТА ДОДЕКА ПОСТОЈАТ РУСИ“ Жестока реакција на Захарова по одлуката на Брисел
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова остро ја критикува Европската комисија поради препораките за ограничување на контактите со руски претставници и замрзнувањето на руските средства во Европа.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, остро ја нападна Европската комисија, предложувајќи таа „да ја напушти планетата додека постојат Руси“. Ова е нејзина реакција на препораките на Европската служба за надворешни работи, според кои европските дипломати треба да избегнуваат настани со учество на руски претставници и да се воздржат од заедничко фотографирање со нив, пренесе ТАСС.
– Според мене, сето тоа се половични мерки. Повлекување на Европската Унија од Обединетите нации додека Русија сè уште е таму би било зрела одлука. А 20-от пакет русофобични санкции не може да се спроведе без изјава дека Европската комисија ја напушта планетата сè додека постојат Руси. Ќе испратиме ракета – напиша Захарова на Телеграм.
Таа додаде дека новото мото на Брисел станало: „Фотографиите се сè, акцијата не е ништо“. Дополнително, Захарова ги нарече официјалните претставници на ЕУ „измамници“ по одлуката за трајно замрзнување на руската имотна сопственост.
На коментарите на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за растечките трошоци на Русија поради конфликтот во Украина.
– Урсула нека прави што сака… Судејќи според статистиката, земјите на ЕУ се тие што постојано ги зголемуваат своите трошоци. Какви сигнали им испраќа Урсула и за што ги казнува? Шега, се разбира. Пуштете ја Урсула во градината – изјави Захарова.
Европската Унија, пак, ја потврди одлуката на неопределено време да ги замрзне средствата на руските централни банки што се наоѓаат во Европа. Со оваа мерка беше отстранета значајна пречка за користење на готовината за помош на Украина. Советот на ЕУ одлучи на привремена основа да забрани каков било трансфер на средства на руската централна банка кон Русија, а одлуката е донесена по итна постапка за да се ограничи штетата по економијата на Унијата.