ЕК издвои пари за борбата против коронавирусот

Средствата се наменети, меѓу другото, за здравствените работници и набавување заштитни опреми, а ќе бидат распределени преку агенции на Обединетите Нации и Црвениот Крст.

167

Европската Комисија издвои уште 50 милиони евра за хуманитарна помош во борбата против пандемијата на коронавирусот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Овие средства ќе одат приоритетно за Централноафриканската република, Сахел, источна Африка, Сирија, Јемен, палестинските власти, Венецуела како и заедницата на Рохинџите, односно за најранливите лица во овие делови од светот, кои се и најпогодени од кризата.






Дополнителните средства доаѓаат откако повеќе хуманитарни организации и Обединетите Нации повикаа за повеќе солидарност со најсиромашните региони и земји.

– Пандемијата на коронавирусот предизвикува хуманитарна криза од огромни размери во најкревките земји во светот. Таа ја загрозува прехранбената безбедност во земји кои имаа слаби здравствени системи и пред почетокот на оваа нова криза. Мораме од сега да преземеме мерки за да не оставиме ниту еден дел од светот без заштита, ова е наш заеднички интерес – изјави Јанес Ленарчич, еврокомесарот за хуманитарна помош.

Средствата се наменети, меѓу другото, за здравствените работници и набавување заштитни опреми, а ќе бидат распределени преку агенции на Обединетите Нации и Црвениот Крст.

Европската Унија до сега има издвоено околу дваесет милијарди евра за помош на трети земји во справувањето со санитарната криза.

Поврзани содржини