ЕК ги предупреди земјите-членки да не се обидуваат сами да набавуваат вакцини
Во јуни минатата година, земјите-членки на ЕУ и дадоа мандат на Европската комисија да преговара и да склучуваат договори за набавка на вакцини во нивно име.
Комесарот на Европската комисија за здравство, Стела Киријакидес, денеска ги предупреди земјите-членки на ЕУ да не се обидуваат да склучуваат одделни договори за набавка на вакцини, бидејќи тие со заеднички договор го пренеле тоа право на Комисијата.
– Дозволете ми да ве потсетам дека со одобрување на договорот за делегирање на преговорите за набавка на вакцини на Европската комисија, вие се согласивте да не започнувате сопствени процедури за набавка на вакцини со истите производители – им рече комесарот Киријакидес на министрите за здравство на земјите-членки, кои разговараа за здравствената состојба преку видео-врска денеска во ЕУ.
Во јуни минатата година, земјите-членки на ЕУ и дадоа мандат на Европската комисија да преговара и да склучуваат договори за набавка на вакцини во нивно име.
Последните денови, објавата на Германија дека склучи билатерален договор со „БиоНТех“ и „Фајзер“ за купување дополнителни 30 милиони дози крена голема прашина. Исто така, Кипар се обиде да склучи договор со Израел за набавка на вакцини.
– Го разбирам јавниот притисок во земјите-членки и стравот на граѓаните, но склучувањето паралелни договори само го поткопува европскиот пристап што веќе даде резултати – рече Комесарката.
Европската комисија досега има потпишано договори за набавка на вакцини од шест различни производители, од кои две веќе се одобрени за употреба, „Фајзер“/„БиоНТек“ и „Модерна“.
Вакцината се дистрибуира до земјите-членки според нивниот удел во вкупната популација на ЕУ.
Прелиминарните разговори беа завршени со уште две компании – „Новавакс“ и „Валнева“.
„Ројтерс“ објави дека американската компанија „Џонсон и Џонсон“ објавила дека најверојатно ќе аплицира за одобрување во ЕУ во февруари.
ЕУ нарача 200 милиони дози на таа компанија и има опција да нарача уште толку.
Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ се дава во единечна доза, за разлика од двете веќе одобрени, за кои се потребни две дози.