ЕК ќе набави вакцини против ковид-19 за цела ЕУ, ветува Киријакидес

Германија, Франција, Италија и Холандија веќе преговараат со фармацевтските компании за купување на вакцини, што може да го ослабне заедничкиот пристап на ЕУ.

272

Европска Комисија денеска доби политички мандат од владите на земјите-членки на Европска Унија во нивно име да преговара за набавка на вакцина против новиот корона вирус – изјави еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес.

Таа упати апел до земјите-членки на ЕУ да се откажат од паралелени иницијативи.






– ЕК доби огромна поддршка од владите на земјите-членки на ЕУ за користење на фондот од 2,4 милијарди евра за купување на вакцини против коронавирусот, посочи Киријакидес.

Германија, Франција, Италија и Холандија веќе преговараат со фармацевтските компании за купување на вакцини, што може да го ослабне заедничкиот пристап на ЕУ.

Таа истакна дека двете иницијативи имаат иста цел – благосостојбата на сите 27 земји-членки на ЕУ.

Станува збор за заедничка работа, а не за натпревар – посочи Киријакидес.

Поврзани содржини