Европската комисија заедно со земјите-членки работи на координација на донацијата на вакцини, што ќе бидат испорачани на земјите од Западен Балкан, пред да пристигнат првите испораки од механизмот Ковакс.
Портпаролката за проширување во ЕК, Ана Писонеро наведе дека донациите од ЕУ и Ковакс се два различни систама.
Таа потврди дека ЕК обезбедила дополнителни средства за земјите од Западен Балкан за набавка на вакцини.
– Не можеме да ги потврдиме точните бројки, работиме на обезбедување на фондовите заедно со земјите-членки, кои би помогнале вакцините да бидат распределени на време и за партнерите од Западе Балкан… Точните бројки ќе ги објавиме кога ќе биде донесена одлука за тоа – истакна Писонеро.
Според неофицијални информации вакцините во земјите од Западен Балкан ќе пристигнат во мај идната година.
Додека првите тури од вакцините од Ковакс ќе пристигнат во земјите од Западен Балкан во вториот квартл следната година.
ЕУ претходно соопшти дека ќе обезбеди околу две милијарди вакцини, што е повеќе од доволно за граѓаните наУнијата, а вишокот дека ќе биде поделен на земјите од Западен Балкаи ширум светот.