ЕК: До лето треба да се вакцинираат барем 70 отсто од возрасната популација

205

Европската комисија препорача денеска дека најмалку 70 отсто од возрасната популација во ЕУ треба да се вакцинира до лето, со цел да се сузбие пандемијата на коронавирусот.

Тоа значи дека со вакцинацијата треба да бидат опфатени повеќе од 200 милиони луѓе, со по две дози од вакцините.






Кампањата за вакцинација се спроведува во 27 земји на ЕУ.

До март би требало да се вакцинираат најмалку 80 отсто од граѓаните на возраст над 80 години и 80 проценти од здравствените работници во секоја држава на ЕУ, препорачува ЕК.

За остварување на овие цели од клучно значење ќе биде пристапноста до големо количество на вакцини.

ЕУ има резервирано речиси 2,3 милијарди дози вакцини, но засега само два производитела добиле одобрување за употреба.

Поврзани содржини