Егзодус од Париз: 700 километри колона за бегство од градот ВИДЕО

6,456

Само неколку часа пред да стапи во сила новото затворање на подрачјето на цела Франција забележан е невиден метеж на улиците.

Колоните биле долги вкупно 700 километри, јавуваат француските медиуми.






Вториот француски локдаун стапи на сила денеска, а целта е сузбивање на ширењето на коронавирусот. Новите мерки ќе траат најмалку до 2 декември, а во тој период на сите кои сакаат да излезат од дома ќе им птреба посебна причина.

Француските медиуми јавуваат дека многу парижани го напуштиле градот и својте домови, за затворањето на градот да го поминат некаде во природа. Сите се обиделе да го напуштат градот пред полицискиот час во 21 часот, јавува Јутарњи лист.

Сличен метеж е забележан и на периферијата на уште неколку големи градови како Лион и Бордо, а се потсетува на егзодусот снимен на улиците на Париз во март во пресрет на првото затворање на градот.

Поврзани содржини