Египќаните се дискриминирани и целосно маргинализирани – до кога?

Поминаа повеќе од три децении од независноста на нашата заедничка татковина Македонија, а Египќаните немаат никаква перспектива. Тие се граѓани од петти ред, нешто што не е дозволиво во една демократска држава која е членка на НАТО и има ЕУ-амбиции.

1,034

Припадниците на автетичната, автохтона и посебна етничка заедница Египќани, како најлојани граѓани во Македонија, а истовремено и како убедливо најмаргинализирани, институционално најнеинтегрирани, ограничени во своите можности да ги остварат своите човекови права и слободи, го креваат гласот на неправдите со кои се соочуваат.

Стереотипите кои се однесуваат на ова мала но крајно лојална и „симпатична“ етничка заедница во Македонија, за миг , во 2016 година, како да ги отфрливме, потпишувајќи Меморандум за соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и НГИ Коалиција на Египќани. Тој демократски чин, беше како „светло на крајот на тунелот“за припадниците на етничката заедница на Египќаните, надевајќи се дека конечно ке бидат рамноправни и еднакви граѓани во Македонија, нивната единствена татковина, бидејќи друга и немаат.






Македонија има мултиетничко општество, општество во кое постојат две или повеќе етнички групи, кои се различни во етничка, јазична, религиозна или расна смисла. Имено, повеќето мултиетнички општества се развиваат во граѓанска демократија, со доминантна правна положба на суверениот граѓанин, а етничките разлики ги лоцираат во сферата на културата, образованието, и цивилното општество.

Во овој случај, Египќаните не би се соочиле со низата стереотии и стигматизации, а резултат на таквата поставеност, денес, е тоа што немаме ниту еден деклариран а вработен Египќанец според Охридскиот рамковен договор, немаме Египќани носители на јавни функции како што се директор, министер, заменик министер итн, итн… Или, во превод, имаме целосно институционално отсуство, иако „уживаме“ статус на граѓани кои плаќаат данок, како и интегрираните етнички заедници.

Поминаа повеќе од три децении од независноста на нашата заедничка татковина Македонија, а Египќаните немаат никаква перспектива. Немаат право ниту да имаат амбиции и мораат да бидат лимитирани на „реални амбиции“, кои се позиционираат во категорија на граѓани од петти ред, нешто што не е дозволиво во една демократска држава која е членка на НАТО и има ЕУ-амбиции.

Премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, е единствениот политичар која ја има историската шанса да ги инегрира „ранливите“ етнички заедници, да ја сплоти државата и на долгорочен план Македонија да избори шанси да еманира нација која ќе ја преставуваат сите граѓани во Македонија.

Во таа смисла, таа е деетнизирана и е поврзана со македонската држава, со граѓанскит статус на нејзините граѓани и со нејзината основна културна матрица. Затоа, сум на мнение дека Египќаните треба да добијат фер шанса, за нив но и за нивната единствена татковина – Македонија.

(Авторот Демир Далип е правник и лидер НГИ Коалиција на Египќани)

Поврзани содржини