ЕГЕЈЦИТЕ БИЛЕ ЕВРЕИТЕ Викторија Аврамовска Мадиќ се извини за гафот

Таа вчера изјави дека и Егејците ќе влезат во Преамбулата на македонскиот Устав, заедно со сите други народи кои ќе поднесат барање.

1,726

Заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ денеска на прес-конференција во Министерството за правда изјави дека вчера направила ненамерна грешка, кога во интервјуто за ТВ 24 изјави дека во Уставот ќе бидат внесени и Егејците, појаснувајќи дека мислела на Евреите.

Таа им се извини на Егејците за направената грешка.






– Стануваше збор за лапсус, стануваше збор за Евреите. Им се извинувам на Егејците – истакна Аврамовска Мадиќ, одговарајќи на новинарско прашање.

Таа вчера во гостувањето на ТВ 24 рече дека и Егејците ќе влезат во Преамбулата на македонскиот Устав, заедно со сите други народи кои ќе поднесат барање.

– Кога ќе го видат предлогот ќе видат дека нема ништо лошо ако во Преамбулата влезат и другите народи кои поднеле барање, бидејќи не правиме муабет само за Бугарите, туку и за Црногорците, Египќаните, Eгејците и сите оние кои ќе поднесат барање – изјави Аврамовска Мадиќ.

Нејзината изјава предизвика бурни реакции во медиумите и на социјалните мрежи. Луѓето се прашуваа од кога тоа Егејците се посебен народ или дел од друг народ кој живее во Македонија, па Владата да мора да ги внесе во Уставот заедно со Бугарите.

Инаку, Аврамовска Мадиќ заборави да ги спомне и Хрватите, кои сакаат да влезат во уставната Преамбула.

Викторија Аврамовска Мадиќ не е било кој во извршната власт. Таа е втор човек во Министерството за правда, а тоа е ресорот кој „произведува“ закони. Дипломиран правник е, била државен советник во Судскиот совет, секретар на Град Скопје во времето на Петре Шилегов и има пристојна кариера и во други институции.

 

(ВИДЕО) И ЕГЕЈЦИТЕ ЌЕ ВЛЕЗАТ ВО УСТАВОТ Заменик-министерката за правда „скина зелена“

 

Поврзани содржини