Ефтимов: Директорот на ЈП „Исар“ го остави половина Штип без вода на +40 степени

Очигледно е дека во ова јавно претпријатие владее неспособност на менаџерско ниво, кое треба веднаш да си даде оставка, затоа што во овој летен период и време на пандемија, ги остави штипјани без вода - рече Ефтимов.

246

Заканите на директорот на ЈП Исар, како да се претворија во реалност. На 40 степени Целзиусови, половина град остана без вода повеќе од 24 часа, информира Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ.
– Врв на неспособноста е што од страна на локалното раководство, граѓаните се обвинети дека дефектот настанал поради големата потрошувачка на вода. Како за прв пат на вакви огромни горештини да се троши вода. И наместо директорот да троши енергија на пишување статуси со закани за рестрикции на вода, редно време е да се позанимава со зајакнување и подобрување на водоводната мрежа. Наместо директорот да објавува видеа на социјалните мрежи и да се оправдува на настанатите дефекти, редно време е ЈП Исар да обезбеди квалитетна услуга – рече Ефтимов.Тој додаде дека СДСМ во изминативе 4 години, наместо да ги реализираа сите ветени проекти, поврзани со водоснабдување на градот, за сметка на садењето на цвеќиња, тие ги оставија штипјани жедни, поради бројните исклучувања на водат од нивните чешми.

– Очигледно е дека во ова јавно претпријатие владее неспособност на менаџерско ниво, кое треба веднаш да си даде оставка, затоа што во овој летен период и време на пандемија, ги остави штипјани без вода – рече Ефтимов.

 

Поврзани содржини