ЕФЕКТОТ НА АЈНШТАЈН Ќе поверуваме во сè и сешто ако мислиме дека некој научник тоа го кажал

Се чини дека оваа работа започнала со популарноста на Ајнштајн и неговите цитати. Повеќето од нас „едноставно прифаќаат дека E  =  mc2 или дека антибиотиците можат да помогнат во лекувањето на пневмонијата затоа што луѓе како Ајнштајн или нивниот лекар го рекле тоа, без всушност да разберат што навистина подразбираат овие изјави, вели истражувањето. 

388

Често сметаме дека сме имуни на глупости, измислици, бесмислици и секакви информации на интернет, но ново истражување вели дека тоа не е баш така. Повеќето од нас се подложни на „Ефектот на Ајнштајн“, што значи дека би поверувале во некоја глупост, ако таа доаѓа од устата на некој научник или авторитет, особено некој што го почитуваме. Истражувањето објавено во „Nature Human Behavior“ опфатило 10.195 луѓе од различни земји, а дури 76 отсто од нив поверувале во „лажни мисли“ од њу-ејџ филозофијата, пишува ИФЛ Наука.

Испитаниците ги оцениле како средно до потполно веродостојни речениците бидејќи им било кажано дека тие се мисли на познатиот Едвард К. Леал, инаку измислен научник и физичар. Потоа, на истите луѓе им била дадена втора „мудра мисла“ и им било речено дека таа му припаѓа на Саул Џ. Адријан, инаку вистински и познат гуру. Луѓето повторно поверувале. Дури 55 отсто од нив рекле дека мислите се 100 отсто веродостојни.






Се чини дека оваа работа започнала со популарноста на Ајнштајн и неговите цитати. Повеќето од нас „едноставно прифаќаат дека E  =  mc2 или дека антибиотиците можат да помогнат во лекувањето на пневмонијата затоа што луѓе како Ајнштајн или нивниот лекар го рекле тоа, без всушност да разберат што навистина подразбираат овие изјави“, вели истражувањето.

Но, она што ги буни истражувачите е зошто во првиот случај, цитат од „измислен научник“ заведува повеќе луѓе отколку цитат на реален гуру. Иако разликата е мала (76 спрема 55 отсто), податоците сугерираат дека науката и научниците стануваат сè попочитувани во денешниот модерен свет. Ова е особено е важно, ако се знае дека во тие 10.196 луѓе од 24 земји сигурно имало и многу религиозни луѓе, а не само атеисти.

„Овие наоди сугерираат дека без оглед на нечиј религиозен светоглед, во разните култури од земјите науката е моќна и универзална алатка која ја сигнализира веродостојноста на информациите“.

Поврзани содржини