ЏЕФ БЕЗОС ПО СТАПКИТЕ НА ИЛОН МАСК Ќе лансира 5.408 сателити во орбита

Мрежата ќе може да опслужува до 100.000 корисници и ќе претставува клучна инфраструктура за големи владини и корпоративни проекти, особено во областа на обработка на податоци за вештачка интелигенција.

74

Вселенската компанија Blue Origin, во сопственост на милијардерот Џеф Безос, објави план за поставување на 5.408 сателити во орбита како дел од новата комуникациска мрежа „TeraWave“, наменета за поддршка на дата-центри, владини институции и големи корпорации.

Според соопштението на компанијата, распоредувањето на сателитите е планирано за последното тримесечје од 2027 година. Мрежата TeraWave е дизајнирана да овозможи брзини на пренос на податоци до шест терабити во секунда, насекаде во светот, што значително ги надминува стандардите на комерцијалните интернет-услуги.






Од Blue Origin наведуваат дека мрежата ќе може да опслужува до 100.000 корисници и ќе претставува клучна инфраструктура за големи владини и корпоративни проекти, особено во областа на обработка на податоци за вештачка интелигенција. Проектот доаѓа во време кога глобалната побарувачка за AI-системи бара сè поголеми ресурси, енергија и побрзи комуникациски решенија.

TeraWave не е единствената вселенска мрежа поврзана со Безос. Во рана фаза на развој е и друга констелација Leo, која треба да опфати околу 3.200 сателити наменети за обезбедување интернет-услуги за корисници и компании.

На пазарот во моментов доминира SpaceX на Илон Маск, чија мрежа Starlink веќе има околу 10.000 активни сателити во ниска Земјина орбита. Овој тип констелации овозможува побрз и посигурен пренос на податоци, што ги прави сè поатрактивни за идната глобална дигитална инфраструктура.

Поврзани содржини