ЕДУКАТИВНА ТРИБИНА ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА Целта е да се намали ризикот за сите играчи

64

Со поддршка на Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, Здружението на лекувани зависници заедно со Црвениот крст на град Скопје на 23.05.22025 одржаа едукативна трибина во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во Скопје. Целта на трибината беше едукација во насока на поголема свесност за опасноста и ризиците кои ги предизвикуваат прекумерните активности.

Говорници на трибината беа: прим. д-р Павлина Васкова, спец. невропсихијатарка, Оливера Суботин Поповска, психијатарка, д-р Бехие Хухии и Мирослав Јакимовски, експерт од областа на интернет игрите на среќа и нивната проблематика. Тие како стручни лица во областа, го споделија своето искуство и факти за проблематиката и предизвиците на зависностите, нагласувајќи ја важноста на превенцијата, заштитата и одговорноста, како и едукацијата на јавноста за ова исклучително важна општествена тема. Учесниците на трибината можеа со прашања да се вклучат и да дебатираат заедно со стручниот тим соговорници.






– Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија како општествено одговорна компанија, посветува сериозно внимание на утврдувањето на стандардите со кои се овозможува реализацијата на одговорното приредување игри на среќа, заедно со политиката на одговорно играње. Целта ни е да го намалиме ризикот за сите играчи, а особено оние кои припаѓаат на ранливи општествени категории – велат од компанијата.

ДВЛМ, како одговорна, а воедно и прва компанија од дејноста игри на среќа која сериозно е посветена на одговорното играње и почитување на регулативите, преку едуцирање и заштита на играчите на игрите на среќа, се залага за спречување на негативните последици од прекумерното играње игри на среќа, истакнувајќи ја важноста од одговорно играње и одговорно приредување игри на среќа.

Поврзани содржини