ЕДС ОТВОРИ НОВ ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ВО СКОПЈЕ Симбол на нов почеток и раст во рамки на PPC групацијата

Главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски, вели дека изминатите години ЕДС покажа дека за своите клиенти е повеќе од снабдувач со електрична компанија и дека како компанија има капацитет да биде вистински и доверлив партнер.

142

ЕДС официјално ги отвори своите нови канцеларии во Скопје, со свечен настан кој собра голем број гости од бизнис-заедницата, клиенти на компанијата и претставници на медиумите. Настанот означува важен нов почеток за компанијата, која е дел од водечката енергетска групација PPC во Југоисточна Европа.

Главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски, во своето обраќање истакна дека изминатите години ЕДС покажа дека за своите клиенти е повеќе од снабдувач со електрична компанија и дека како компанија има капацитет да биде вистински и доверлив партнер.






– Новиот деловен простор што денеска свечено го отвораме е токму доказ за нашата подготвеност за тоа „повеќе“. Тој не е само простор за работа – туку простор за идеи, за иновации и за заедничка енергија. За нашите вработени тоа е инспиративна средина; за нашите партнери и клиенти – место каде секогаш ќе најдат професионалност, сигурност и поддршка. Приказната на ЕДС денес е дел од многу поголема приказна. Како дел од PPC групацијата, најголемата енергетска компанија во Југоисточна Европа, ја комбинираме нашата локална експертиза со регионалната сила и визија. Тоа ни овозможува да ја градиме иднината посигурно, посилно и со многу повеќе ресурси и знаење зад нас – истакна Сарџовски во своето обраќање додавајќи дека ЕДС ќе остане компанија ориентирана кон клиентите создавајќи решенија според специфичните потреби на бизнисите.

Од синоќешната прослава на ЕДС во Музејот на современа уметност во Скопје

 

Заменик главниот извршен директор на PPC, Џорџ Каракусис, ја истакна регионалната улога на компанијата која во моментов  располага со енергетски капацитет од 12,5 GW и опслужува повеќе од 8,8 милиони потрошувачи.

– ЕДС ја дели филозофијата на PPC – да обезбедува вредност, стабилност и ефикасност за бизнисите од сите сегменти. Овој настан е значајна пресвртница, но и чекор кон поголеми амбиции. PPC ќе продолжи да го поддржува растот на ЕДС и нивната посветеност да носат иновативни енергетски решенија за компаниите во земјата – истакна заменикот главен извршен директор на PPC задолжен за продажба, Џорџ Каракусис.

Меѓу големиот број гости беше и поранешниот извршен директор на ЕДС, а сега главен директор за е-мобилност во PPC Group, Милтијадес Н. Бабилис.

Со отворањето на новите канцеларии, ЕДС дополнително го зајакнува својот капацитет да нуди иновативни решенија за снабдување со електрична енергија, тарифи скроени согласно потребите на компаниите и услуги што ја поддржуваат одржливата иднина на своите клиенти.

Поврзани содржини