ЕДС ДОБИ БЛАГОДАРНИЦА ЗА ДОНАЦИИТЕ Компанијата беше дел од проектот „Замисли желба“
Донација на ЕДС опфаќа монитори за отчукување на срце на млади спортисти, средства за спортски кампови за млади, за продолжување на организацијата на годишниот Куп „Марко Божиновски“, како и средства за завршување на веќе започнатата спортска сала за младинци до 18 години.
Енерџи Деливери Солушнс (ЕДС), како општествено одговорна компанија, годинава беше дел од поддржувачите на хуманитарниот проект „Замисли желба“ која што ја организираше Националната галерија.
Компанијата преку овој проект реализираше и донација за Фондацијата „Марко Божиновски“ за подобрување на условите за развој на спортот и спортските активности меѓу младите.
Благодарницата од Националната галерија во име на ЕДС ја прими главниот финансов директор Илијас Тсоукалас на завршниот настан на проектот кој што се одржа во просториите на Националната галерија во Чифте амам. Преку овој проект компанијата издвои финансиски средства со цел да придонесе за подобри услови за развој на спортот и спортските активности меѓу младите.