ЕДНОМЕСЕЧНИ БЛИЗНАЧИЊА ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19 Во Козле се лекуваат 22 деца од ковид-19

Според директорот на Клиниката, во болницата другите пациенти во се на возраст до 17 години.

459

Едномесечни близначиња се најмладите пациенти  заразени од коронавирус во Детската клиника за белодробни заболувања „Козле“, изјави директорот на клиниката  Бесник Зеќири во гостувањето во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

– Во моментов имаме 22 деца хоспитализирани во нашата установа. Има и поголем дел кои се лекуваат амбулантски. Најмладите пациенти на корона вирус се две близначиња од по месец дена. Повозрасните се 16-17 години. Младите доаѓаат навреме на лекување, што значи дека родителите се грижат за нивното здравје – рече Зеќири.

Поврзани содржини