ЕДНОГОДИШНО ДЕТЕ СЕ ЗАТРУЛО СО ЛЕКОВИ ВО ЛИПКОВСКО Полицијата разговарала со родителите

160

Едногодишно дете од липковското село Отља се затруло со лекови, соопшти денеска кумановската полиција. Случајот во СВР Куманово го пријавиле надлежните од Општата болница вчера во 18:31 часот, каде било донесено детето.

Извршен бил службен разговор со лекарот и со родителите и за настанот бил запознаен јавен обвинител, информираат од полицијата.






СВР Куманово работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини