ЕДНОГОДИШНО ДЕТЕ ПОЧИНА ОД КОВИД Денеска има нови 333 заболени
Досега во земјава се дијагностицирани 222.666 лица со ковид, бројот на оздравени пациенти е 209.602, на починати е 7.879, а бројот на активни случаи изнесува 5.185.
Единаесет лица починаа, меѓу кои и дете на возраст од една година, соопшти денеска Министерството за здравство.
Направени се 3.511 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи и тоа во Скопје – 181, Прилеп и Битола по 25, Охрид – 14, Куманово и Струмица по 8, Велес и Кавадарци по 7, Кичево – 6, Кочани, Ресен, Валандово и Демир Капија по 5, Штип – 4, Гевгелија, Неготино, Радовиш и Пробиштип по 3, Крива Паланка, Делчево, Виница, Крушево и Македонски Брод по 2, Тетово, Гостивар, Струга, Свети Николе, Богданци и Демир Хисар по 1.
Регистрирани сe 311 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица во болнички услови: 2 од Велес (64 и 83) и по едно починато лице од Скопје (74), Прилеп (90), Кичево (85) и Радовиш (79).
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 5 лица, починати во периодот од 22.11-20.12.2021 година. Починатите лица се од Куманово (2), Скопје (1), Битола (1) и Гостивар (1). Починатите лица се на возраст од 1 до 86 години. Од пријавените, 3 лица се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.
Досега во земјава се дијагностицирани 222.666 лица со ковид, бројот на оздравени пациенти е 209.602, на починати е 7.879, а бројот на активни случаи изнесува 5.185.