ЕДНОДНЕВЕН НАСТАН ВО ПРИЛЕП: КАКО ДА СЕ „БИЕ“ МЛЕКОТО? Во главната ролја – македонското автентично биено сирење
Годинешното, четврто издание на биеналниот настан посветен на млекото, има за цел преку примерот на автентичното биено сирење кое ја отсликува нашата традиција и историја, да отвори дебата за важните прашања околу иднината на македонското сточарство и млекарство.
„МЛЕКО 2022“ е еднодневен настан кој оваа година ќе се одржи на 03 септември 2022 година во Прилеп под мотото „Како да се „бие“ млекото?“, а во организација на „Слоу Фуд Прилеп“ со поддршка од националната организација „Слоу Фуд Македонија“.
Станува збор за биенален настан, посветен на автохтоните млекодајни раси на домашни животни и млечни производи произведувани на семејните фарми, бачила, мандри и мали производства, чии претходни изданија се однесуваа на заборавените автохтони млечни производи (во Скопје, во 2014.година), пасиштата и регулативите (во Битола, во 2016) и на расите на млекодајни животни и козарството (во Скопје, во 2018).
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.