„ЕДНО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ“ Заев ќе основа фондација, Филипче ќе биде дел од тимот

Во тимот ќе биде и поранешниот министер за здравство Венко Филипче како и други поранешни функционери. Ќе учествуваат и интелектуалци, професори, бизнисмени, поранешни членови на ВМРО-ДПМНЕ, луѓе од сите етнички заедници и од невладиниот сектор.

1,485

Поранешниот премиер Зоран Заев ќе основа фондација „Едно општество за сите“, дознава ТВ21.

Од медиумот додаваат дека не било случајно неговото учество на дипломатскиот форум во Анталија, а според нивните информации во тимот ќе биде и поранешниот министер за здравство Венко Филипче како и други поранешни функционери. Ќе учествуваат и интелектуалци, професори, бизнисмени, поранешни членови на ВМРО-ДПМНЕ, луѓе од сите етнички заедници и од невладиниот сектор.






Според ТВ21, Заев не планира да се повлече од јавноста, а во Анталија се опипувало мислењето за концептот.

Поврзани содржини