Едно лице загина во сообраќајна несреќа кај гостиварско Ново Село

Патничко моторно возило „бмв” со швајцарски национални ознаки, управувано од М.С. (54) од Кичево излетало од коловозот.

366

Жител на Кичево загинал во сообраќајна несреќа, а две лица се потешко потврдени откако автомобилот со кој се превезувале излетал од патот.

Како што соопштија од МВР, несреќата се случила десетина минути по полноќ, на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на Новоселски мост кога  патничко моторно возило „бмв” со швајцарски национални ознаки, управувано од М.С. (54) од Кичево излетало од коловозот.






Во несреќата, М.С. починал на самото место, смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а сопатничката Н.С. (52) и сопатникот Ќ.А. (52) од Кичево, се здобиле со повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад” – информираат од СВР Тетово.

На местото на незгодата увид извршиле Јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар. По наредба на ЈО телото на М.С. е предадено за обдукција.

 

Поврзани содржини