Едно лице почина откако со автомобил паднале во река
Му го удрил внукот додека возел рикверц во неговиот двор
ВЛЕТАЛЕ ВО РЕКА, ЕДНО ЛИЦЕ ПОЧИНАЛО – На 27.12.2020 во 15.00 часот во СВР Велес било пријавено дека додека патничко моторно возило „мерцедес“ со бугарски национални ознаки управувано од З.А.(48) од Неготино преминувало преку Дренска река кај с.Дрен – демиркаписко, почнало да навлегува вода во возилото при што од него успеале да излезат возачот З.А. и сопатникот И.Т.(55) од Неготино, а вториот сопатник А.П.(65) од Неготино не успеал да излезе. Утрово (28.12.2020), по течението на реката било пронајдено телото.
УКРАЛ ТАШНА ОД ВОЗИЛО, НО ГО ФАТИЛЕ – На 27.12.2020 околу 18.10 часот, на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Е.М.(42) од сДолна Бањица, гостиварско кој претходно извршил кражба во возило и при тоа одзел женска чанта со повеќе предмети. Одземените предмети му се вратени на сопственикот, а против пријавениот ќе биде изготвен соодветен поднесок.
ВО ДВОР ГО УДРИЛ ВНУКОТ СО ВОЗИЛО – На 27.12.2020 во 13,15 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с.Добридол, гостиварско во двор од куќа сопственост на И.Ќ., неговиот роднина Х.Р.(36) управувајќи наназад со патничко моторно возило „пежо 508“ со италијански национални ознаки удрил во внук на И.Ќ., на кое во Ургентен центар Гостивар му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.
ДЕВОЈЧЕ ИЗБЕГАЛО ОД ДОМА – На 27.12.2020 околу 20,00 часот во Полициска станица Гази Баба, С.А.(49) од Скопје пријавила дека поради семејно недоразбирање од дома се оддалечила нејзината ќерка Ш.А.(14). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
ТЕШКО СЕ ПОВРЕДИЛ ОТКАКО ИЗЛЕТАЛ НА ПРУГА – На 27.12.2020 околу 08.20 часот на ул.„Димко Најдов“ во Велес се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „даеву матиз“ со велешки регистарски ознаки управувано од З.Т.(46) од Велес излетало од коловозот на железничката пруга. Во незгодата З.Т., се здобил со тешка телесна повреда и бил пренесен во болницата во Велес за укажување на лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.
ДОБИЛ МИЛИОНИ ЕВРА, ОБЛОЖУВАЛНИЦАТА ВЕЛИ ДЕКА Е ГРЕШКА – На 26.12.2020 околу 21.00 часот во СВР Охрид, С.Д.(53) од Охрид пријавил дека е оштетен и измамен од надлежните во автомат клуб-обложувалница во Охрид. Тој, според пријавеното, добил бонус добивка што требало веднаш да му биде исплатена но, од вработената му било кажано дека, по барање на претпоставените, исплатата била забранета. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ И ЗАВРШИЛЕ ВО ПРИТВОР – На 27.12.2020 полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани го лишиле од слобода Т.Ѓ.(50) од с.Теранци, кочанско бидејќи на патот с.Видовиште-с.Теранци, со патничко моторно возило „ланд ровер“ ги спречувал полициските службеници кои во содејство со службени лица од Шумската полиција преземале службени дејствија. Од страна на полициски службеници, а во врска со случајот бил приведен и В.Ѓ.(20) од с.Теранци, затоа што агресивно се однесувал кон нив при преземање на службени дејствија. По комплетирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
ГИ НАПАДНАЛЕ ШЕСТМИНА – На 27.12.2020 околу 17,20 часот во СВР Струмица било пријавено дека на патот од планина Плачковица кон Радовиш, Т.И.(50), Љ.Д., И.Ч. и К.Д., сите од Штип, биле физички нападнати од шест лица, по што едно од лицата на Т.И му одзело мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.