ЕДНИОТ ВЕЛИ ЕДНО, А ДРУГИОТ ДРУГО, НЕ ГИ СЛУШАМ Зеленски и Кулеба не можат да се усогласат околу преговорите со Русија
Осврнувајќи се на изјавата на Кулеба дека Украина е подготвена за преговори со Русија, Лавров изјави дека не е првпат Кулеба да го каже тоа.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека нема смисла да се слуша што велат украинскиот претседател, Володимир Зеленски, и шефот на украинската дипломатија, Дмитриј Кулеба, за перспективата на преговорите со Русија, бидејќи, како што рече, „тие го кажуваат токму спротивното“.
Осврнувајќи се на изјавата на Кулеба дека Украина е подготвена за преговори со Русија, Лавров изјави дека не е првпат Кулеба да го каже тоа.
– Понекогаш зборува сосема спротивни работи. Неодамна разговараа за преговорите. Зеленски ја спомена неговата подготвеност на крајот да седне со руските претставници. Не ги слушам, да бидам искрен – рече Лавров на прес-конференција во Лаос, по состанок на министрите за надворешни работи на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН).