ЕДНИОТ ПОБЕГНАЛ ОД ИДРИЗОВО Приведени се двајца арачиновци

737

Доцна синоќа по три часот по полноќ, во скопското село Арачиново, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје во содејство со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле А.Љ.(31) и А.С.(35) – двајцата од село Арачиново.






„А.Љ. бил осуден на казна затвор од 8,5 години за„криумчарење мигранти“, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот, каде што имал за доиздржување на четири години и три месеци од казната. Додека, А.С. бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од 10 месеци за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик“, информираат од МВР.

Лицата биле предадени во Полициската станица Гази Баба, по што ќе бидат спроведено во надлежнита казнено – поправни установи за издржување на казните.

Поврзани содржини