Едниот ѝ плати на проститутка 25.000 долари, а другиот беше фатен со трансродна жена: Скандалите на холивудските заводници
Холивудските ѕвезди ги следат многубројни скандали, па поради тоа некои биле уловени во бројни афери.
Најпознат пример на славна личност е британскиот актер Хју Грант. Тој бил уловен во текот на 90-тите години со Дивајн Браун и веднаш ја признал вината. Добил симболична парична казна и две години условна казна.
– Мислам дека знаете во животот што е добро, а што лошо. Епа јас направив лоша работа и тоа е тоа – рекол Грант набрзо по скандалот во емисија.
Актерот Чарли Шин имал проблеми со дрогата, па поради тоа го исфрлиле од популарната серија „Два и пол мажи“. На почеток на 90-тите години полицијата открила илегален бизнис со проституција на холивудската мадам Хајди Флајс, а кај неа биле пронајдени чекови од Шин.
Шин и понатаму плаќал интимни услуги на проститутките, а во текот на 2011 година американските медиуми откриле дека на ‘дивиот викенд со три девојки тој потрошил 25.000 долари.
Неговите забави му го упропастија и здравјето, па во 2017 година откри во јавноста дека е ХИВ позитивен.
Медиумите во текот на 2007 година тврделе дека раперката Ив изнајмила проститутка додека престојувала во Мајами. Меѓутоа, таа тоа го демантирала.
– Прво, мислам дека тоа е пресмешно. Второ, доколку сакам да имам односи со некој, тогаш сигурно не би изнајмила проститутка – истакнала таа.
Комичарот Еди Марфи беше фатен со трансродна проститутка во 1997 година. На полицијата ѝ рекол дека му изгледало дека ѝ е тешко, па ѝ понудил превоз.
– Не направив ништо погрешно. Сакав само да помогнам и ете што се случи – рекол Марфи.